СДСМ реагираше на прес конференцијата на Антонио Милошоски на која презентираше дел од она што го содржи резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе до Собранието за преговорите со Бугарија. Од владејачката партија велат дека ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во својот идентитет не мора да поднесуваат декларации или какви било заклучоци до Собранието.
-Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание. Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции, но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа. Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност. Мицкоски работи против државните и национални интереси и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата. Затоа е таму каде што е, во опозиција, затоа му следува уште еден пораз овој пат на локалните избори, се вели во соопштението на СДСМ.