Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски, велат од СДСМ откако самиот Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во друштво со Александар Николоски денеска се гости на Виктор Орбан во Унгарија, каде ги чекаат официјалните резултати од изборите.

-Дали Груевски му ја кажа и „стратегијата“ за случајот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет дека правел малверзации за да стекне огромен имот во Скопје?

Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Затоа овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат Законот за Академија за судии и обвинители, велат од СДСМ.

Орбан пред победа, Мицкоски и Николоски му биле гости