-Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба. Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните. За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми“, велат од СДСМ.
Претходно Ковачевски најави дека по формирањето на новата Влада ќе го покани Мицкоски на средба. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нивниот лидер ќе прифати средба ако се разговара за предвремени избори и спорот ао Бугарија.