Владејачката СДСМ преку соопштение се огласи и го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со, како што велат, ладна глава да се обидат да ги надминат пречките и недоразбирањата. Од оваа партија се сомневаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат национално единство, напротив како што велат тие повеќе сакаат саботажа на преговорите со Бугарија.
-Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат вистинска конструктивност, нека престанат да опструираат и да креираат хистерија околу разговорите со Бугарија, туку со ладна глава да се обидеме сите да ги надминеме пречките. Се друго е само дневно политички театар на Мицкоски, очаен обид да го покрие срамот од признанијата на неговите сопартијци во случајот „Титаник“, велат од СДСМ.