СДСМ одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за акцијата „Двојник“ со скандалот за издавање на македонски патни исправи на балкански криминалци.
-Нема поголемо лицемерие од тоа Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ осудуван и казнет во Германија денеска да зборува и да глуми загриженост за меѓународниот углед на државата.
Да, тоа е истиот Милошоски против кого пред македонските судови се водат предмети и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда.
Токму неговиот шеф Христијан Мицкоски го руши меѓународниот углед на Република Северна Македонија со тоа што јавно пласираше информации за акција и истрага која е во тек и која се спроведува со нашите партнери и сојузници.
Мицкоски и Милошоски се на браникот на криминалот, во одбрана на криминалците, против правдата и законите.
Независна, професионална истрага треба да ги даде одговорите зошто шефот на ВМРО-ДПМНЕ, стоел во одбрана на криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи кон нив за да морал да саботира сложена полициска операција?
На Мицкоски и Милошоски треба конечно да им стане јасно Владата предводена од СДСМ не прави компромиси со криминалот, оној којшто го прекршил законот мора да сноси одговорност.