СДСМ се огласи со соопштение по повод најавата на Мицкоски дека вечерва ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница на Извршен комитет на кој ќе се одлучува за најавената блокада на Собранието.
-Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади.
Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски.
Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарса.
Одлуката е веќе донесена, нарачана е од Груевски, а Мицкоски со своите соработници само ќе ја спроведе, се вели во соопштението.