СДСМ реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во гостувањето во Шења ТВ изјави дека не очекува локалните избори да бидат фер и демократски.

-Христијан Мицкоски да не бара алиби уште сега за поразот на локалните избори, тие ќе бидат фер и демократски и на нив Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат уште една казна од граѓаните.

Разбираме дека е уплашен, дека го чека казната од граѓаните, но по дебаклот што му се случи на ТВ дуелот, на Мицкоски не му се доволни ниту 10 интервјуа за да се опорави.