Од опозицијата нема никаков одговор околу гласањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата на ЕПП со ставови на Бугарија. Ниту пак одговор зошто Мицкоски ги поткопува државните позиции во однос на Бугарија во клучни моменти?, прашуваат од СДСМ.
-Дали на Конгресот на ЕПП каде што учествувал Мицкоски дал зелено светло на Резолуцијата на ЕПП со ставови за Бугарија?Наместо да крие зад соопштенија од Белата палата Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори зошто ги поткопува државата позиција во однос на Бугарија.Дома блокира закони во Собрание а надвор ги поткопува државните позиции.Лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто ова и го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?, прашуваат од владејачката партија.