„Христијан Мицкоски со години ги лаже своите сопартијци и граѓаните глумејќи лажен патриот, и еднаш зборува едно, друг пат друго за односите со Бугарија. Тоа се потврдува и со контрадикторните изјави што Мицкоски ги дава“, велат од СДСМ.
„Истиот тој Мицкоски велеше дека тој и ВМРО-ДПМНЕ јавно прифатија Бугарите да бидат застапени во Уставот, за денес тој да е прв противник на тоа.
Тоа се фактите и тоа е вистината, се друго е лага и лицемерие на Мицкоски“, додаваат оттаму.