Христијан Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Димитар Апасиев со кого се осамени во анти ЕУ коалицијата, велат од владејачката партија.

Како што велат од таму, Мицкоски заедно со Апасиев ја лажеа јавноста за македонскиот јазик, за македонската историја и посебност, ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација.

-Мицкоски и Апасиев повикуваа и на кампувања пред Владата, додека првиот се шеташе како манекен а вториот според информации од медиуми ангажираше и приватно обезбедување на протестите.

За разлика од Мицкоски кој знае да зборува на бугарски јазик, а неговите пратеници го деградираат македонскиот јазик, Владата предводена од СДСМ обезбеди чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, без никакви фусноти.

Мицкоски глуми лажен патриот а последната лага се нотарските изјави кои немаат никакво правно дејство.

Мицкоски е осамен во својата деструкција, затоа нa официјалниот сајт на партијата никој не фигурира во Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, тој се скара со сите опозициски партии, ги излажа своите членови а ниту Лукашенко не му е рамен за тоа како ја води партијата.

Најавите на Мицкоски за референдум се само очаен обид тој да си ја задржи фотелјата во белиот дворец и наместо да бара референдум против македонскиот јазик, нека направи референдум во ВМРО-ДПМНЕ каде е прашање дали и таму има поддршка од мнозинството, велат од СДСМ.