Владејачката СДСМ вели дека поради страв од правдата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести. Со ова се мисли секако на соопштенијата и реакциите на опозицијата за фирмите за вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
-Криминалната ВМРО-ДПМНЕ има уплав од правдата. Не можат да поднесат што сите обиди да ги спасат криминалците од белиот дворец пропаднаа.
Голем е очајот во ВМРО-ДПМНЕ предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски па мораат секој ден да измислуваат нови лажни вести кои немаат врска со реалноста.
Ниту Љупчо Николовски влијаел, нити неговиот брат е поврзан со фирмата што ВМРО-ДПМНЕ денеска ја спомнува за нелегален увоз на тутун.
Лагите, измислените случаи се единствен начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго ниту можат, ниту знаат да понудат пред граѓаните. Затоа се опозиција затоа уште долго ќе бидат поразувани од граѓаните, велат од СДСМ.