Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието, „активната блокада“ издиша, па од досега невидените чекори што ги најавуваше Христијан Мицкоски му остана само да организира протест за еден месец од сега, велат од владејачката СДСМ.
Како што велат од таму, тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест доволно говори за проблемите што тој ги има за да ја зачува фотелјата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
-Протестот е демократско и уставно загарантирано право, но прашањето на изборите е затворено.
Парламентарни избори ќе има во 2024 и на тие ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат поразени, а претходно, ќе изгубат и на редовните претседателски избори исто така во 2024 година.
СДСМ заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство ќе ги порази сите форми и блокади на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи со реализација на мерки и политики кои им помагаат на граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од најголемата светска економска криза, велат од СДСМ.