Со зголемување на платата на 18.000 денари, исполнивме уште едно ветување дадено пред граѓаните. Веќе од мартовската плата, 80.000 работници ќе добиваат зголемени месечни примања за околу 45 евра, велат од СДСМ.
Од оваа партија велат дека со последното зголемување, денес, минималната плата е двојно поголема отколку пред четири и пол години кога таа изнесуваше 8.800 денари.
-Грижата за стандардот на граѓаните, останува врвен приоритет за СДСМ, за Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи. Покрај растот на платите, следува и раст на пензиите. Веќе се работи на нова методологија која ќе обезбеди одржливо зголемување на сите пензии во државата, како и финансиски пакет за помош заради здравствената и енергетска криза. Тоа ќе значи повеќе пари во домашните буџети на околу 330.000 пензионери. СДСМ во изминатите години покажа дека е можно да платите и пензиите да растат со побрзо темпо, а при тоа да не се крати од важните капитални инвестиции. И во време на криза, продолжуваме да инвестираме во заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните, велат од СДСМ.