Последниот доказ за напорите на Владата предводена од СДСМ за бескомпромисна борба против корупција и градење силен, независен и ефикасен правосуден систем е Извештајот на Стејт Департментот, се наведува во партиското соопштение.
Стејт Департментот во својот последен извештај оценува дека Владата на Република Северна Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност за разлика од порано.
Во Извештајот се вели дека Европската комисија заклучила дека нашата држава направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво.
Во таа насока, според Извештајот на Европската комисија, во нашата земја се воспоставени механизми за да се обезбеди судска независност и отчетност, како и креирање на правила за проверка на имотот и судир на интереси и утврдување на дисциплински постапки.
Понатаму, Стејт Департментот во својот извештај истакнува дека Извештајот на Европската комисија нотирал позитивни случувања, меѓу кои и усвојување на нов Закон за Јавно обвинителство и прогрес на државата во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Во Извештајот се забележува и дека судството треба да ја зголеми довербата кај јавноста и граѓаните, нешто на што треба да се посветат институциите, за довербата да биде на што повисоко ниво.
СДСМ како одговорна и државотворна партија сериозно ќе ги земеме предвид сите забелешки и препораки што произлегуваат од Извештајот на Стејт Департментот.
Свесни сме дека има области во коишто постои простор за дополнителен напредок, но тоа за нас тоа претставува дополнителен мотив за засилување на реформскиот процес.
Неоспорлив факт е дека овој Извештај, како и оној од ГРЕКО ја истакнуваат подготвеноста и посветеноста на Владата предводена од СДСМ во градење на независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот.
Борбата против корупција, градењето на ефикасен и независен судски систем продолжуваат да бидат приоритети од кои нема да отстапиме како партија и како парламентарно мнозинство.