Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само неодговорно, деструктивно однесување на штета на јавното здравје, на штета на здравствениот систем.
Тоа незрело, неодговорно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со конструирани случаи и денешното барање за отповикување на министерот за здравство доктор Венко Филипче.
Очигледно е дека Христијан Мицкоски и останатите функционери на ВМРО-ДПМНЕ се патолошки опседнати со провизии.
Нема друго логично објаснување за нивното упорно ширење лажни вести. Изгледа се уште живеат заглавени во филмот на нивниот режим, кога речиси и да не постоеше јавна набавка во која не постоеше провизија за „фамилијата“ и ВМРО-ДПМНЕ.
Токму затоа и во напорите и обидите на Владата и Министерството за здравство да обезбедат вакцини, тие задолжително и по автоматизам гледаат провизија. Срамно е да се прават обиди за политичко профитирање преку креирање лажни скандали кои се поврзани со јавното здравје на сите граѓани, без разлика на етничка, верска и политичка припадност.
Кога во светот буквално се води трговска војна да се обезбедат вакцини, ВМРО-ДПМНЕ заради тесно партиски интереси, свесно и со умисла му наштетува на угледот на државата, велат од СДСМ.