„Главното политичко барање на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Изборниот законик беше воведување на фингер принтови при чинот на гласање и тоа сега се спроведува. Таа измена на Изборниот законик ја направивме уште во април оваа година. Факт е дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ досега нема ниту едни лошо организирани избори, а тоа е најголема гаранција дека такви ќе бидат и локалните и сите наредни“, реагираат од Бихаќка на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изборите организирани во време кога СДСМ е на власт, добиваат највисоки оценки од сите меѓународни фактори и тоа не може никој да го демантира. Препораките на ОБСЕ и ОДИХР се блокирани во Собранието. Праксата која ја воспостави прва ВМРО-ДПМНЕ со илјадници небулозни амандмани да се блокира работата на законодавниот дом, сега ја презема и Левица и тие ги блокираа и овие измени.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ преку вакви прес-конференции бара алиби за поразот што ги очекува на локалните избори затоа што и самите знаат дека немаат никаква поддршка од страна на граѓаните кои одамна го прочитаа нивниот несериозен и неодговорен однос“,додаваат оттаму.