Во понеделник во 11 часот,претставници на Владата предводени од премиерот Зоран Заев се очекува да се сретнат со двајцата лидери на албанската опозиција, Зијадин Села и Африм Гаши за да се најде решение за законот за државјанство. Премиерот Заев веќе потврди дека тоа што  ќе им биде предложено на претставниците на опозицијата е законско решение според примерот од законот од 2004 за добивање државјанство.

Ељми Азири од коалицијата АА-ААА вели дека немаат точни информации за ставовите на владата. Исто така не сака да прејудицира во врска со процесот и за завршување на преговорите, чија основа вели дека треба да бие согласно меѓународните конвенции и документи.

„Законот од 2004 ако беше потврден закон, унапреден, ќе ги решеше овие проблеми и немаше да има проблеми од овој тип. Затоа мислам дека треба да се базираме на овие документи, на предлог законот што го предложивме ние, бидејќи сметаме дека тука е решението за оваа категорија граѓани кои се без државјанство. Мислам дека ако пристапиме на ваков начин, реално ќе ги решиме проблемите, ако се вратиме ретроактивно со а=законите кои не ги решаваа проблемите, не верувам дека е тоа добар пат.“, вели Азири.

ТВ21 дознава дека СДСМ и ДУИ како владини партнери постои договор што ќе им го предложат на Села и Гаши. Тоа е интеграција во актуелниот закон на докази за потврда на доказите за условите за живеење според законот од 2004.

Меѓу документите кои се предвидува да важат како доказ се ученичките книшки, здравствените, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Северна Македонија.

ДОКАЗИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПОЛНЕТОСТА НА  УСЛОВОТ ЗА ПОСТОЈАНО ЖИВЕЕЊЕ 2004 ГОДИНА

1.Свидетелство за завршено образование во Македонија

2.Здравствена книшка

3.Платена сметка за струја, греење или вода

4.Потврда од УЈП за платен данок на недвижен имот, земјоделски и друго

5.Решение за даночен обврзник од УЈП

6.Имотен лист

7.Работничка книшка

8.Потврда од работа

9.Фотокопија на сите страници на патен лист за странец

10.Фотокопија на сите страници на патна исправа за странец

11.Лична карта за странец

12.Штедна книшка за депониран штеден влог во домашни банки

13.потврда за извршено медицинско лекување од јавна здравствена установа

14.Други докази издадени од државни органи со кои се потврдува постојаното живеење на територија на РСМ.

Оваа опција ја потврди и координаторот на ПГ на ДУИ, Арбр Адеми.

Како од владата така и од албанската опозиција се оптимисти дека на средбата во понеделник ќе се најде решение за законот за државјанство. Решението на оваа проблематика би донело деблокирање на Собранието од илјадниците амандмани од коалицијата АА-ААА доставени во Собрание.