За одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието, се огласија од владејачката партија. Од таму порачуваат:
-Во време на најголемата економска и енергетска војна, Христијан Мицкоски најавува нови засилени блокади наместо да понуди конструктивност.
Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, како што е очигледно дека ваквото деструктивно однесување е засилено десеттина дена по објавата на Црната листа на САД каде се најде и Никола Груевски.
Се потврди дека синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, Груевски даде наредба, а Мицкоски со своите соработници одработува за странски интереси