СДСМ реагира дека 100 дена ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем дел од општините, а тоа се 100 дена неуспеси и неработење од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните во овие 100 дена од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на општините и оправдувања за неработењето. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа неспособни и алчни. Тие се грижат само за своите, се грижат за тендери и набавки а бараат пари од Владата за струја и парно“, велат од СДСМ.
Оттука додаваат дека ако денот се познава по утрото, првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики.
Според СДСМ, градоначалниците наследиле функционални општини, полни буџети и започнати проекти, но не реализираат ништо.