Денешните протести кои се одржаа во неколку градови низ државата за владејачката СДСМ се протести на ВМРО-ДМНЕ, а не на граѓаните, односно родителите. Како што велат од оваа партија, ВМРО-ДПМНЕ со денешниот протест имала целосно фијаско.
–Тотално фијаско се случи денеска на протестите на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови низ државата.
Со недели ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да манипулира со родителите и учениците, од белиот дворец постојано хушкаа, ширеа невистини и лажни вести, се затскриваа зад наводни граѓански иницијативи.
Денеска се покажа дека ова се протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои освен членови и симпатизери на партијата, немаа никаква поддршка од јавноста.
Граѓаните, учениците и нивните родители не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец и упатија јасно порака дека не им веруваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново се поразени од граѓаните на кои им е совршено јасно дека се што прави опозициската партије се деструкции, лажни вести и одбрана на криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.