ДПМНЕ е најкриминалната партија, испрала милиони евра преку Скопје 2014, го злуопотрбила и Гоце Делчев
Нема поголемо лицемерие од тоа ДПМНЕ да одржува трибини среде Белиот дворец – криминално стекнат имот што е докажано и со судска пресуда.
Нема поголемо лицемерие од тоа за владеење на право и борба против корупција да зборува најкриминалната партија во Европа.
На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Цар Самоил, Гемиџиите, ДПМНЕ и луѓе од врвот на партијата преку проектот Скопје 2014, переле пари и се богателе.
Милионски се штетите од криминалното владеење на ДПМНЕ и затоа оваа партија нема ниту грам легитимитет да зборува за борба против корупцијата.
Денешната трибина беше добра можност да се побара оставка од Христијан Мицкоски кој е опкружен со лица против кои се водат судски процеси, но очигледно дека ДПМНЕ останува партија која е осамена на браникот на криминалот.