Според СДСМ, Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала.

„Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните.
Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел, повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа како да се решат проблемите на народот. Граѓаните секој ден гледаат, наместо работа, партиски препукувања. Наместо резултати, скандали. Наместо политики за народот, тивки борби за тендери и функции“.

Како што оценуваат, здравството е во колапс, економијата во слободен пад, инфраструктурата е заглавена. Платите за илјадници вработени во јавниот сектор не се неисплатени, проекти – нула.

Владата, како што додаваат не работи за народот, туку само за себе.

А парите, според СДСМ, наместо да одат кај граѓаните и работниците за повисоки плати се трошат за лукзусни овошја, папаја, манго, луксузни хотели, приватни авиони и патувања со државни делегации како туристички тури.

„Ова не е Влада која работи за граѓаните – ова е организиран хаос на штета на државата. Оваа влада нема капацитет, нема план, нема визија. Единствено што гледаме се кавги, скандали и неспособност“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се расправаат, целиот систем се распаѓа е превземен од МАКФАКС.