СДСМ доби ново раководство. Нови потпретседатели на партијата од денес се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи кој и досега беше на оваа позиција продолжува во уште еден мандат. Нов генерален секретар партијата е Миле Зечевиќ, нов организациски секретар е Вангел Андрески а секретар за меѓународна политика, Бојан Маричиќ. Им честитам на сите и верувам во вашата чесна, посветена и одговорна работа во интерес на граѓаните и СДСМ.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, го продолжува мандатот кој и го има со изборот на Конгресот.
ДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна паритја. СДСМ е партија која никогаш не бегала од одговорност. Додека другите ги ставале проблемите под тепих, ни храбро сме ги решавале. Тоа е разликата и така СДСМ ќе продолжи да работи, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по синоќешниот избор на новото ракодовство на СДСМ.
„За нас патриотизмот не е празен збор и само чукање во гради. Тоа не е ниту национализмот, ниту кавгата со соседите, ниту ново минато кое тие го нудат.. За нас патриотизам е да сработиме нешто за нашата земја. За нас патриотизам е да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Патриотизам е покачувањето на платите, заштита на обесправените и храбро решавање на најгорливите проблеми во змејата. Но мора да направиме уште многу.“ рече Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ за помалку од два месеци во општините каде има власт го покажа вистинското лице и ги блокираше сите проекти од интерес на граѓаните, но кои не се од нивни личен финансиски интерес. Опозицијата се обидува и ќе се обидува постојано да ја оцрнува и да ја омаловажува нашата работа. Таа лажно ќе нè клевети за сè и сешто бидејќи тоа е нејзиниот единствен проект, додаде тој.