СДСМ се огласи со писмено соопштение откако ВМРО-ДПМНЕ испрати демант дека нивни високи членови имале бугарски лични карти и пасоши, нешто што го објави Каракачанов. ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев и СДСМ за, како што велат, лагите кои што ги објави Каракачанов.

Од СДСМ со реакција:

ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не не меша во нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД.

За должничко-доверителски односи со Каракачанов, нека си ги расчистуваат самите, без да се обидуваат да не инволвираат нас.

Како и досега СДСМ нема со било каква постапка да дава повод Македонското прашање дополнително да биде злоупотребувано во кампањата во соседна Бугарија.