Владејачката СДСМ со соопштение реагираше на изјавата на Мицкоски дека до 10 мај Димитар Ковачевски има рок да размисли и да повика на средба на која ќе се разговара, меѓудругото и за предвремени избори.
-СДСМ уцени не прифаќа, ќе се спротивставиме на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски
Граѓаните се разочарани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е една од причините зошто Христијан Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 година.
СДСМ не прифаќа уцени, туку ќе се спротивстави на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски.
Институциите, граѓаните, нема да дозволат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата само за да му удоволат на Груевски.
Имаме план да се спротивставиме на сите блокади, заедно со коалициските партнери, со парламентарното мнозинство продолжуваме со работа за граѓаните и државата, се вели во соопштението на СДСМ.