СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“. Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред сè – неопходни, вели Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.

„Ова не се само барања на иницијативата, ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да има одговорност, целосна и неселективна, дисциплинска, кривична, политичка, за сите институции и поединци кои со своето (не)делување ги довеле граѓаните до опасност и трагедија. Без селекција и без калкулации“.

Веруваме, вели тој, дека Владата и ЈО ќе бидат доблесни да ги прифатат овие барања за кои илјадници малди маршираа на улиците.

Текстот СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“ е превземен од МАКФАКС.