СДСМ преку партиско соопштение го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој како што велат тие  „втор ден молчи за неговото скандалозно кршење на ковид проколите“.

„ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а Мицкоски крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

Според владејачката партија ова е вистинското лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува неодговорно и срамно.