Обидувајќи се невешто да го одбрани својот шеф Мицкоски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ практично призна вмешаност на видни членови на партијата во скандалот „Криминални парцели“, велат од СДСМ зборувајќи за гостувањето на портпаролите на двете најголеми партии Дарко Каевски (СДСМ) и Димче Арсовски (ВМРО-ДПМНЕ) во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21.
-Арсовски не се осмели да негира дека членови на партијата блиски до Мицкоски се осомничени за една од поголемите криминални афери тешка милиони евра. Тој попусто се труди да прикаже некаков монтиран случај.
Овој скандал кој јавноста го дозна уште пред неколку месеци мора да биде расчистен, ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз истражните институции.
Сите информации кои излегоа во јавноста и ги пласираа медиумите уште пред неколку месеци јасно укажуваат на организирана криминална акција во кој повќе лица блиски или директно членови на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.