Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска на интервју за една наша национална телевизија, ги потврди диловите кои Христијан Мицкоски јавно ги соопшти, за тендери за автобуси во Скопје, велат од СДСМ.
Од оваа партија обвинуваат дека Арсовска нема одговор кој го овластил и во кое својство Мицкоски, како претседател на политичка партија преговара за јавна набавка на локална самоуправа со парите на скопјани.
-Граѓаните треба да знаат дали реализацијата на проектот БРТ за еколошкиот и ефикасен јавен транспорт во Скопје е стопиран од Арсовска заради диловите на Мицкоски?
Признанието на Арсовска отвора сериозни сомнежи за корупција и претставува уште една причина иснтитуциите да постапат и да го истражат овој случај.
Особено по денешното признание на Миле Јанакиевски за сторен криминал во еден сличен случај со набавка на кинески автобуси тежок 5 милиони евра, велат од СДСМ.