„Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, не сработе ништо во првите 82 дена.
Измина и 82-от ден од мандатот на најнеспособната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска чиј отчет се состои од тоалет како нејзин проект и една нивелација на шахта.
Едно нешто е јасно, Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје.
Арсовска нема реализирано ништо од дадените ветувања пред граѓаните.
Бесплатен превоз нема, напротив, воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.
Нема ниту пет нови мега паркови, депониите си стојат, не се чисти, нема никаква помош за скопјани во услови на енергетска криза, нема сопствени проекти од нејзината програма.
Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ вети и професионализација на администрацијата, но спроведе груба партизација, полнење на установи и претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 партиски кадри во Град Скопје.
Граѓаните сведочеа само прекинување на готови проекти како оној за Бас рапид транзит, поништување огласи за пожарникари.
Арсовска работи исклучиво на штета на граѓаните и свесно го кочи напредокот на Град Скопје.
Граѓаните и Скопје не заслужуваат ваков неспособен и неуспешен градоначалник“, се вели во соопштението на СДСМ.