-Никаков нов концепт, никакви нови политики не може да понуди Христијан Мицкоски. Тој е опкружен со лица од режимот, лица кои се во судир со законите. Еден од нив е и Игор Јанушев сегашен пратеник а до неодамна прв соработник на Мицкоски како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вели Стефан Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ова го изјави денеска, а откако вчера Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека поднело обвинение против четири лица, меѓу кои Миле Јанакиески и Игор Јанушев, за злоубпотреба на службената положба при набавката на двокатните кинески автобуси.

-Јанушев се сомничи дека го оштетил Буџетот за безмалку пет милиони евра, пари на граѓаните.

Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и кои се наоѓаат пред судовите. Да потсетиме за истото кривично дело Злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, човек за кого има и пресуди од германски судови.Криминал, деструкција, лажни вести и блокади, тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, вели Васев.