„На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот.

СДСМ повикува надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.