“Дамокловиот меч“ од 1,3 милијарди евра што го кажуваат од ВМРО ДПМНЕ е наследство од 11-те години нивни режим – резултат на несовесното раководење, договорите во четири очи и негрижата за јавното добро, што државата ја изложи на правни и финансиски ризици во периодот од 2017 до 2024 година. Наместо повеќе пари на граѓаните да се инвестираа во поголем број на развојни проекти, како нови патишта, училишта или болници, дел од нив мораа да се насочуваат во одбрана на интересите на државата пред меѓународните судови – проблем кој ВМРО-ДПМНЕ го создаде, а денес лицемерно се обидува да го префрли на некој друг.
СДСМ покажа одговорност во одбраната на државата и економските интереси, додека ВМРО-ДПМНЕ понесени од своите деструктивни политики од минатото, сега повторно се обидуваат да ги префрлат последиците од своите грешки на Владата на СДСМ. Вистината е јасна: проблемите кои денес ја оптоваруваат Македонија се наследство од ВМРО-ДПМНЕ, а не резултат на владеењето на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.