СДСМ преку соопштение извести дека навремено се исплатени околу 10 милиони евра субвенции за земјоделците.
„Вистинската грижа за земјоделците продолжува, навремено исплатени околу 10 милиони евра субвенции на сметките на речиси 12 илјади земјоделци СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за земјоделците, особено кога поддршката од државата им е најпотребна.
10 милиони евра субвенции се исплатени на сметките на речиси 12.000 земјоделци. Субвенции се исплатени за фармери кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметки имаат и сите фармери кои задржале женско јагне. На тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година. Продожуваме со навремена и неселективна исплата на субвенции, во интерес на секој земјоделец. 4 милијарди денари веќе се исплатени за земјоделците, а со усвоениот ребаланс на располагање имаме уште 3 милијарди денари.
Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци. Во наредниот период следи исплатата на субвенциите и преостанатите субвенции. Државата е тука за земјоделците, грижата за нив останува врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ. Создаваме услови за раст и развој на агро-секторот, за земјоделците да продолжат да произведуваат квалитетни производи“, стои во соопштението.