Изминатите седум дена, додека во СДС беа изгаснати светлата, веројатно беа нивните најпродуктивни денови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тишината им одговара многу подобро од ова денешно повторување на истите несериозни конструкции.
Парадоксално е како СДС успева да се самодискредитира секогаш кога ќе се појави. Наместо да понудат барем еден нов аргумент, повторуваат шаблони кои одамна не поминуваат кај никого. Кога нема што да понудиш, единствено што останува е да измислуваш“.
Ако продолжат вака, додаваат од владејачката партија, нивните најдобри денови, како што велат, навистина ќе останат оние кога светлата во Бихаќка се исклучени.
Текстот СДС со истите лаги, Македонија не е изолирана, туку ослободена од нивниот хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.























