„Партијата СДС, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други да не ги набројуваме ќе ни треба цел ден, истиве преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Па еве по 100-ти пат да им објасниме. Мигранти од Велика Британија нема да има.

Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во таа која ја споменуваат.

Им порачуваме на СДС доколку имаат доказ (а немаат никаков бидејќи нема криминал), нека се обратат кај своите обвинители и судии како Кацарска, како Коцевски, како Дамева, и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт.

Ама бидејќи и тие се свесни дека нема за што да се гони, растураат пердуви во јавноста и после зошто народот не им верувал.

Реформи се потребни во СДС на чело со Филипче и оградување од Заев и криминалната багра“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот СДС се однесува како ,,куче што лае, ама не каса”, очајот и безидејноста стигнаа до плафон, реагира ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.