Вчера во 16:56 часот бугарско време, американската компанија SpaceX официјално ја отвори вселенската 2023 година со успешното лансирање на ракетата Falcon 9 и 114 вештачки сателити, меѓу кои се наоѓа и бугарскиот – „Платформа-2“, изграден од бугарската компанија Ендуросат, јавува Космос, пренесува Трибуна.

Бугарскиот сателит Платформа-2 е составен од шест стандардизирани единици CubeSat (6U CubeSat) и носи комерцијални товари, вклучително Magdrive и Hypernova системи за тестирање на системот за гориво.

Бугарија не e единствената земја од Централна и Источна Европа која e претставена на „Транспортер-6“. Полскиот сателит „Star Vibe“, создаден од локалниот стартап Scanway Space, ќе ги тестира перформансите на телескоп за набљудување на Земјата. Благодарение на соработката меѓу Албанија и Сателоџик, создадени се сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“, кои на албанската влада ќе и овозможат можност да ја фотографира територијата на земјата со висока резолуција.

EOS Data Analytics, основана од украинскиот претприемач Макс Полјаков, го лансираше EOS Agrisat-1, својот прв сателит фокусиран на земјоделски апликации.