Актерот Сашо Ристовски повеќе не е директор на „Театар комедија“. Тој е разрешен поради неправилности во работењето утврдени при извршен вонреден инспекциски надзор.

„При надзорот е утврдено дека директорот на Театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8 милиони 734 илјади 486 денари, без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70-а, став 4 од Законот за култура.“, велат од Министерство за култура.

Според законот институцијата е должна наменски да ги користи средствата добиени од Министерството за култура и да ја реализира годишната програма за работа на националната установа во рамките на обезбедените средства.

Инаку, до изборот на нов директор, за в.д. директорка е назначена Нора Шаќири-Марковиќ, вработена во Театарот.