Екс директорот на УБК Сашо Мијалков, излегува од притвор.
Оваа информација за Телма ја потврдија од Апелациониот суд од каде велат дека ја прифатиле жалбата на одлуката на Кривичниот суд со која му беше одреден 30 дневен притвор за случајот Плацеви на Водно.
Адвокатите на Мијалков велат дека го добиле решението и дека се очекува негово извршување попладнево со што тој треба да биде на слобода.
Со ова велат се потврди дека се во право.
Ова доаѓа откако претходно исто така Апелациониот суд ја прифати гаранцијата дека Мијалков нема да бега која беше во имот вреден 11 милиони евра. тој беше во притвор уште од февруари годинава, за предметот Трезор, па минатонеделната одлука значење дека ќе излезе на слобода.