Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор. Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11 106 501 евро, објави „360 степени“.
Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.