Кривичниот суд ги изрече пресудите за случајот „Таргет-Тврдина“ во кој се обвинети неколку лица за масовното нелегално прислушување. Екс шефот на УБК доби вкупна казна затвор од 12 години донесена по неколку основи, односно поради неколку кривични дела. Во пресудата ќе му биде одземено времето поминато во притвор и куќен притвор.

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска со чиј потпис беше уништена опремата со која се вршело прислушкувањето доби четири години затворска казна.

Гордана Јанкулоска-Осудена на 4 години

Горан Грујевски –Судот го осуди на единствена казна затвор од 15 години.

Тони Јакимовски – Судот го осудува на единствена казна затвор од 6 години

Никола Бошковски – Судот го осуди на единствена казна затвор од 11 години

Сашо Мијалков – Вкупна казна по неколку обвиненија  е 12 години.

Надица Николовиќ – Единствена казна затвор од 3 години.

Владимир Варелов – Условна казна од 2 години, но нема да се изврши доколку во период од 5 години не стори ново кривично дело.

Марјан Шумуликовски – Условна затворска казна од две години

Силвана Слаткова – Условна затворска казна од две години, која нема да се изврши доколу во пет години не направи ново кривично дело

Васил Исаковски – Условна затворска казна од две години, која нема да се изврши доколу во пет години не направи ново кривично дело

Валентина Симоновска Условна затворска казна од две години, која нема да се изврши доколу во пет години не направи ново кривично дело