Каменица Саса ја засили напаѓачката линија со репрезентативката на Бугарија, Антонина Шопска. Бугарката со презиме како познатата салата во македонскиот првак доаѓа од Пирин лејдис.
„Денес потпис на едногодишен договор стави нашата нова фудбалерка која доаѓа од Пирин Лејдис, Република Бугарија. Дваесет годишната Антонина минатата сезона беше топ реализатор на Благоевградската екипа со 21 постигнати голови“, соопштија од клубот.
Саса се подготвува за настап во квалификациите за женската Лига на шампиони, каде што ривал ќе им биде италијанскиот гигант Јувентус.