Од самиот почеток на нивната врска, тие беа мета на критики и осудувања. Иако живееме во навидум модерно време, тие беа осудувани затоа што станува збор за хомосексуална врска, а потоа и дека меѓу нив има разлика од 32 години.
Но, холивудските актерки се чини никогаш не се вознемирија за негативните коментари по повод нивната среќа. Напротив, како од ден на ден нивната љубов да станува се посилна.
Сара Полсон пред некој ден уште еднаш го потврди ова и со прекрасна честитка ѝ посака среќен роденден на својата сакана Холанд Тејлор.
По повод 78-от роденден на нејзината партнерка, холивудската актерка реши да го искористи својот инстаграм-профил за да сподели со целиот свет колку е среќна со Тејлор.
„Сите патишта ме водат кон ова лице, тие очи, таа душал. Ти, едноставно ми значиш најмногу од сè. Ќе те чувам, дете. Денес. Утре. Засекогаш. (Ако не ти се допаѓа оваа фотографија ти си идиот, затоа немој да се лутиш кога ќе ја видиш. Јас дури и ја направив црно-бела, затоа што така повеќе ти се допаѓа. Значи, шшшшшш. Ова е совршена фотографија на една совршена личност) Среќен роденден мила“, напиша актерката.
Под нејзината честитка, на нејзините желби и се придружија и дел од познатите личности како Дебра Месинг, Криси Мец и Мишел Фајфер, како и многубројни обожаватели.
Сара Полсон и Холанд Тејлор ја започнаа својата врска на почетокот на 2015 година, но пред јавноста официјално ја потврдија во март 2016 година.