Португалија нема да ја брани титулата европски шампион на 11 април, бидејќи беше поразена од Белгија во осминафиналето на ЕУРО 2020. Селекторот Фернандо Сантош не ги обвинува играчите.
– Тука нема среќа и несреќа. Топката беше испратена до голот и ние ја примивме. Играчите направија се. Го дадоа тоа што го имаа и не можам да ги обвинувам за ништо. Не можам да кажам дека направиле нешто лошо. Тие беа уморни, но најдоа енергија да го надминат и тоа. Тажни сме, некои играчи плачеа. Белгија имаше шест удари и постигна гол. Имавме 29 удари и двапати погодивме статива. Но, поразот е пораз. Искрено, немам многу што да кажам. Сите сакавме и верувавме. Имавме самодоверба да можеме да стигнеме до финалето и да победиме. Нема правда и неправда, примивме гол и не успеавме да постигнеме – изјави Сантош.
Која е иднината на националниот тим?
– Верувавме дека можеме да победиме, исто како и во 2016 година. На СП 2018 бевме елиминирани во осминафиналето, па ја освоивме Лигата на нации. Останува да се свртиме кон иднината и да се обидеме да го освоиме следното Светско првенство.
Португалија продолжи да биде неславна меѓу бранителите на титулата на европските шампионати, бидејќи тогашниот шампион Шпанија беше елиминиран во осминафиналето.