Пред неколку дена, Лионел Меси го сруши рекордот на Пеле по бројот на постигнати голови за еден клуб. Аргентинецот постигна 644 голови за каталонскиот гигант, односно еден повеќе од Пеле.

Но, од Сантош, клубот на легендарниот Бразилец, велат дека Меси не е ни близу до надминување на рекордот.

Тие тврдат дека Пеле постигнал 1.091 гол, доколку се вклучат и пријателските натпревари. Меѓу нив имаше и сериозни ривали како Барселона, но и противници во ревијални натпревари.

– Меѓу тие 448 спорни голови има и неколку против големи клубови во тие години. Пеле му даде осум гола на Милан, ги тресеше мрежите на Ривер, Бока јуниорс, Реал, Јувентус, Лацио, Наполи, Бенфика..

Дури и Барселона прими голови од него, тој постигна четири гола на четири натпревари. Постои аргумент од некои аналитичари дека многу од тие 448 голови беа постигнати на пријателски натпревари против послаби ривали, мали или регионални екипи.

ФОТО: И македонски репрезентативец ќе добие подарок пиво од Меси!

Но, и тие мечеви се играа во официјална опрема, според сите правила на играта и официјално заведени. Потсетуваме дека дури и за пријателски натпревари е потребно да се добие одобрение од регионалната или националната федерација. Без разлика дали ривалот е силен или не, не значи ништо за статистиката. Бројките се недопирливи. Погодокот против Еибар е статистички вреден колку оној против Валенсија. Гол против екипа од Суринам вреди исто колку и оној против Реал Мадрид среде „Сантијаго Бернабеу“ – соопштуваат од Сантош.