
Парче мраз поголемо од шпанскиот остров Мајорка се одвои од ледената плоча Рона на Антарктикот и вплови во морето Ведел. Тоа е најголемата санта мраз на светот.
Европската вселенска агенција на сантата мраз му го даде името А-76. Парчето мраз е со површина од околу 4000 километри квадратни, и со должина од 160 км на најдолгата оска, а широко е 26 километри. Според американскиот Национален центар за мраз, ова е најголемата санта мраз во светот.
Според големината, сантата мраз е 134-тиот по големина остров во светот. Туристичкиот остров Мајорка во Шпанија во Средоземното Море зафаќа 3.640 км2.