Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија, вчера спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други), соопштија од МВР.
– Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани. Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, информираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.