Полицијата денеска во акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкцинирани се 348 возачина целата територија на земјата.
Како што соопшти Министерството за внатрешно работи од нив, 82 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 75, а од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.скс/