Во периодот од 09.00 до 14.00 часот денеска е спроведена засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, информираа од МВР.
Притоа се санкционирани 34 пешаци од кои, 23 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а девет за минување на црвено светло.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, информираат од МВР и додаваат дека сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.