На територија на град Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера беа изречени вкупно 174 мерки, меѓу кои 46 за непрописно паркирани возила, а 29 за непочитување на брзина на движење.
Како што информираат од МВР, изречени се осум санкции за возење без возачка дозвола, а шест за непрописно престигнување и обиколување.
Петнаесет санкции се изречени за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал – црвено светло, а две санкции за некористење сигурносен појас.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.